Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица – полицијата го сомничи за легализација на дивоградба и отуѓување државно земјиште во Куклиш

/

Македонија

Сподели преку :

Поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов и уште две лица добија кривични пријави за случај со легализација на дивоградба во селото Куклиш.

Според полицијата, со лажен елаборат биле избришани општински објекти од катастарската евиденција, по што била овозможена легализација на стовариште и стекнување сопственост врз државно земјиште од 866 квадратни метри.

Според пријавата, во 2022 година двајцата општински функционери му овозможиле на жител на Куклиш да легализира бесправно изграден објект на парцела во државна сопственост. За таа цел, раководителката на секторот побарала од управителот на фирмата да изготви елаборат за бришење објекти од парцелата, во кој било наведено дека на теренот нема објекти, иако таму имало градби во сопственост на Општина Струмица. Документацијата била искористена за бришење на општинските објекти од евиденцијата, а потоа поранешниот градоначалник издал решение за легализација на зграда со намена стовариште и површина од 161 квадратен метар.

Со ова, според полицијата, на лицето му било овозможено да го откупи земјиштето под објектот и да се стекне со сопственост врз 866,46 квадратни метри земјиште во сопственост на државата.

Во пријавата се наведува и дека не биле земени предвид претходните судски одлуки со кои било одбиено барањето за легализација на објектот.

Поранешниот градоначалник и поранешната раководителка се пријавени за злоупотреба на службената положба и овластување, а поранешниот управител на фирмата за фалсификување исправа.

Jumbo 2