Како непишано правило во Тетово стана контејнерите за депонирање на отпадот од домаќинствата да се групираат по повеќе од пет на едно место. Причина е што ретко кој сака да има контејнери пред домот или дуќанот. Но таквата практика создаде нова проблематика – контејнери во голем број да ги има и пред градинки и пред училишта
„За нашево училиште претставува исто голем проблем и тоа што нередовно се празнат контејнерите“ рече Миле Ѓорѓески-од Музичко училиште
Од фирмата Саубермахер Тетово чија надлежност е празнење на контејнерите и носење во регионална депонија велат дека се прават напори и повеќе од еднаш дневно да се собира оставениот смет во наменските садови.
„Од јануари до септември оваа година нашите тимови собраа и транспортираа повеќе од 25.000 тони комунален отпад, како и речиси 2900 тони кабаст отпад. Нашите возила во овој период поминаа околу 225 илјади километри. Овие бројки го покажуваат обемот на секојдневното работење потребно за да се обезбеди редовно собирање на отпадот на целата територија на Општина Тетово“,рече Вулнет Села, Саубермахер Тетово.
Друг проблем за овие локации е несосвесноста на граѓаните кои оставаат кабаст отпад.Тоа што се остава градежен шут, мебел и пластика и слично големи предмети до контејнери и на земја е причина да се создаваат и мини депонии среде Тетово.
Да се подигне фрлен смет и кабаст отпад на јавните површини е обврска на општинското комунално претријатие. Од таму апелираат граѓаните што повеќе да ја користат нивната служба за подигање кабаст отпад која бесплатно го зема од нивните домови, па треба само да се јават во општинското комунално претријатие. Втора можност е граѓаните да однесат кабаст отпад во собирен центар на Саубермахер.
„Екипата иде до секоја врата, и му го зема кабаститот отпад и тоа не се плаќа. Тоа го праевме за да го имаме почист град и да имаат солуција кај може да го фрлат кабастиот отпад“, Самет Бислими – ЈКП Тетово
Дел од градинките и училиштата побарале контејнерите да се преместат подалеку од овие образовни установи.
Александар Самарџиев













