Шеесет и шестгодишен жител на кочанско село пријавил дека бил измамен за 18.000 евра, откако неколку лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“ и дека парите му се потребни за да ја отстранат.
Случајот во полиција го пријавил на 24 септември во 23 часот во ОВР Кочани.
Според пријавеното, неколку лица дошле во неговиот дом и со лажни тврдења го довеле во заблуда. Тие му кажале дека во куќата има црна магија и дека, за да биде отстранета, треба да им ги даде сите пари што ги има.
Откако лицата заминале од домот, тој сфатил дека бил измамен и случајот го пријавил во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на лицата кои ја извршиле измамата.













