Ако се споредиме со Хрватска, таму фондот осум милијарди евра, а популациски не е толку поголема, во Словенија со слична популација е шест милијарди евра. Во Словенија само боледувањата се една милијарда колку што е кај нас целиот фонд, Треба да имаме некои разумни очекувања што можеме да постигнеме, рече министерот за здравство во вечерашната Топ Тема на Телма.
Но во извештајот на Центарот за граѓански комуникации во анализата 2014-2024 година за јавните набавки во јавното здравство, се вели дека јавното здравство троши повеќе, а дава се помалку.
Мистерот смета дека во основа се извлекуваат парцијални решенија се зборува дека се зголемуваат трошоците, а се намалуваат болничките денови.
Тој потенцираше дека „нашата цел е да намалиме болнички денови, нашата цел е ако се лежи на државна клиника 14 дена за замена на колк, а во приватна болница пет дена и ние да ги намалиме деновите“.
Во однос на зголемувањето на трошоците тој го посочи примерот со цистична фиброза.
- „Пред десет години немаше трикафта за цистична фиброза, а сега издвојуваме 20 милиони евра за набавка на овој лек“, вели Клековски.













