Регистрирани се 71 нови случаи на прв контакт, бројка што е во рамки на инциденцата што беше пред прогласување на епидемија, значи меѓу 50 и 100 случаи дневно, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски за епидемиолошката состојба во Гостивар во последните 24 часа.
- „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Формален крај на епидемија мора да има само кога, врз основа на епидемиолошките анкети, ќе се утврди дека повеќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар. Ваквото подобрување сметам дека е резултат на подобрување на квалитетот на водата во градскиот водовод, бидејќи веќе неколку дена таа се хлорира соодветно и секако очекуваме намалување на таа бројка штом биде постигнато нивото на резидуален хлор во сите мерни точки“, рече Клековски.
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (28.07.2026) се евидентирани вкупно 71 новопрегледан пациенти, што покажува тренд на намалување во однос на претходниот ден.

Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 49 нови прегледи, од кои 29 на инфективно и 25 на педијатриско одделение. Во моментот се хоспитализирани двајца пациенти на инфективно и пет пациенти на одделението за педијатрија.
Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 22 нови прегледи во дежурната служба.
С.Д.













