Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски: Ние сме последна земја на Балканот во која нема евиденција колку лекови се трошат

/

Македонија

Сподели преку :

Пред 10 години бевме шампиони во дигитализација во регионот „мој термин“ е применет во Србија и делумно во Нов Зеланд. Софтверот од Фондот е применет во хрватскиот модел, но нашиот развој запре таму, истакна министерот за здравство во вечерашната Топ Тема.

Во меѓувреме сите се развиваа како гранапчиња со многу мала или никаква комуникација меѓу матични книги, министерство за социјална политика и осигурување…

  • Ние сме последна земја на Балканот во која нема евиденција колку се трошат лекови. Не знаеме колку се трошат лекови од Позитивна листа, приватна потрошувачка во аптеки и потрошувачка во болници. Денеска промовиравме нацрт-стратегија за дигитално здравство која треба да не приближи кон европските стандарди. Следење на движењето на лековите од граница до аптека, дигитализација на рецепти, кое одамна е најавено, на лабораториски упати, рече Клековски.

Се да биде  поврзано на едно што ќе ја подобри и контролата. Тој најави дека средствата ќе бидат обезбедини преку донации од странски извори.

Jumbo 2