Главнината од интервентната кардиологија е на скопската Клиника за кардиологија. Немаме податоци за приватната интервентна кардиологија бидејќи ние не финансираме тоа и соодветно на тоа, такви информации немаме, рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната прес-конференција.
„Фондот и здравството не е село без кучиња. Сите поголеми здравствени установи се контролираат еднаш годишно, во редовна контрола, а се постапува по претставки редовно. Колку претставки има, толку пати постапување. Конкретно, и во „Жан Митрев“ и со „Систина“ сите овие години сме имале контроли“, рече Клековски.

Во приватните клиники се работи само кардио-хирургија и васкуларна хирургија, стентирање ние не плаќаме во приватните здравствени установи, рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната прес-конференција. „Во „Жан Митрев“ во 2024 година имало 1.376 интервенции, во „Систина“ – 1.152, во Државна кардио-хирургија – 248, Тораковаскуларна хирургија – 439. Ова се само… Продолжи со читање

Во 2025 година се издвоени вкупно две милијарди и 475 милиони денари за кардио и кардиохируршки установи (приватни и јавни) што е околу 40 милиони евра, истакна Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната прес-конференција. „Слободно можам да кажам дека содругите болници, буџетот веројатно е над 45 милиони евра, со она што… Продолжи со читање













