Разрешен е проблемот со донацијата за Институтот за трансфузиона медицина за 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија во вредност од околу 500.000 долари, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски на денешната прес-конференција.
„Оваа донација повеќе месеци беше заглавена во административни и бирократски проблеми. Благодарение на упорноста на здружението и на Институтот, во координација со МАЛМЕД и Институтот за јавно здравје, беше овозможено надминување на сите препреки и оваа недела, лекот е веќе достапен за Институтот и набрзо и за пациентите“, рече Клековски.
Според министерот, донацијата значително ќе ја подобри состојбата на пациентите со хемофилија.
С.Д.













