Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски бара странски експерт во комисијата за стручен надзор за лекувањето на родилката која остана во количка

/

Македонија

Сподели преку :

Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските обврски, додека Комисијата за струччен надзор треба да даде одговор дали медицинскиот третман, дијгагностичките и терапевтските постапки биле соодветни.

„Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување. Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија“, велат од  Министерство за здравство

За да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побарал во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава, информираат од Здравство.

Младата Станка Михајлова се породила на 26 јуни во штипската болница. Според тврдењата на семејството, уште тогаш тешко се движела, а по отпуштањето од болницата свекорот ја однел дома на раце, иако пред да се породи немала никакви проблеми. Нејзината состојба во наредните денови се влошувала, по што на 4 јули била префрлена на лекување на Клиниката за неврологија во Скопје. Во медицинскиот наод е наведено дека пациентката е примена по породување со спинална анестезија, со слабост на двете нозе и отежнато мокрење. По извршената магнетна резонанца биле утврдени промени од деветтиот до единаесеттиот пршлен.

Петар Догов

 

Вонредни инспекции во сите три болници каде се лекувала 19 годишната родилка која остана парализирана

Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат , по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка. Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од… Продолжи со читање

telma.com.mk

Деветнаесетгодишна родилка остана во инвалидска количка по породување во Штип – семејството бара да ја кренат на нозе, министерството за здравство испраќа инспекција за случајот

Министерството за здравство (МЗ) издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде што се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и заврши во инвалидска количка. Нејзиниот свекор деновиве преку видео на… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2