Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќерка ја тепала мајка си – уште две физички пресметки во Охрид во изминатото деноноќие

/

Македонија

Сподели преку :

Вчера во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека П.Т. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнала нејзината мајка.

Од полицијата најавуваа дека против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа пак во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.А. врз Д.Ј.(47), двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид.

По целосно документирање на настанот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.

Како што соопштуваат од СВР Охрид, вчера попладнето на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа Р.М.(27) од Кичево, Е.А.(46) од Струмица и М.Д.(45) од Кавадарци затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија и агресивно с еоднесувале кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Jumbo 2