Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се изведуваат докази во новото судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

/

Македонија

Сподели преку :

Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.

На минатото рочиште сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката, кој изјави дека закупецот на просторот не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување за потребите на дејноста.

На оваа изјава реагираа родителите на загинатите нарекувајќи го првообвинетиот дека е убиец, по што судот побара дел од родителите да ја напуштат судницата.

Претходно заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица.  Одбраната, како што е најавено, има предложено 244 сведоци.

Вештакот тврди дискотеката „Пулс“ е изградена според одобрен проект – родителите бараат судот да не ги зема предвид овие трвдења

Нема реконструкција, туку градежно-занаетчиски работи и ентериерно уредување – вака сведочеше вештакот предложен од сопственикот на „Пулс“ во корист на првообвинетиот Дејан Јованов -Деко. Според него, објектот бил изграден согласно одобрениот проект и со стандардни градежни материјали. Неговото сведочење предизвика бурна реакција кај родителите на загинатите. Велат дека тврдењата се паушални и непотврдени и бараат… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2