Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Картелско здружување меѓу 10 осигурителни компании за формирање повисоки цени, утврди Комисијата за заштита на конкуренцијата

/

Македонија

Сподели преку :

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди картелско здружување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност.

Компаниите разменувале чувствителни информации и координирале активности, што довело до усогласено зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток.

Таквото однесување се смета за најтешка форма на ограничување на конкуренцијата „по своја цел“ според член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување, што е строго забрането.

Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари, односно 280.000 евра.

Jumbo 2