Од денеска системот „Безбеден град“ почна да функционира и на подрачјето на СВР Охрид. Со околу 40 камери ќе бидат опфатени повеќе општини и клучни сообраќајни делници во југозападниот дел од земјава.
Со видеонадзор ќе бидат опфатени општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Камери се поставени и на патните правци кон Струга, кон Дебар и кон граничниот премин Ќафасан, како и кон туристичките населби, плажите и правецот кон Свети Наум. Видеонадзор има и на автопатската делница Охрид – Кичево.
Од СВР Охрид очекуваат неговата примена да придонесе за намалување и на прекршоците и на бројот на сообраќајни несреќи.













