И за пензиите, судот во Стразбур се има произнесено во повеќе наврати и тој ги третира пензиите исто така како сопственост согласно членот 1, протоколот 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права, вели Кацарска во вечерашната емисија „Директно“ на Телма.
- Би сакала да нагласам дека некој му дава грешни информации на премиерот, намерно или ненамерно не знам, но тој излезе со став јас го имам потпишано конечното решение и дека пензионерите ќе ги враќаат тие 5.000 денари. Премиерот по вокација не е правник и нормално е да не ја знае постапката во судот. Но прашање е кој тоа го мести премиерот со давање на лажни информации. Дали е тоа некој од Уставен суд или некој советник не знам. Јас на тоа не можам да одговорам и самиот премиер треба да се запраша кој тоа му даде таква лажна информација дека конечната одлука е потпишана, истакна Кацарска.

Во емисијата „Директно“ на Телма по однос на обвинувањата од страна на Власта дека Добрила Кацарска во случајот „пензии“ предничела во отворањето на постапката и тоа дали се водела од правни или од политички мотиви, уставната судијка одбјасни како се врши распределба на предметите во овој суд. Предметите во Уставниот суд се делат на тој… Продолжи со читање
Б.С.













