Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јотова: Секогаш сме отворени за разговори со РСМ, но без ултиматуми

/

Македонија

Сподели преку :

Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија не оди преку ултиматуми и ветувања, потребен е искрен дијалог. Ова го изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова коментирајќи го барањето испратено од македонските власти со кое се бара билатерална средба.

Јотова за бугарските медиуми  изјавила и дека е умерен оптимист и дека ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова да ѝ го даде на увид барањето за средба во Софија.

-За овој разговор да биде сериозен, Мицкоски мора многу добро да ја прочита европската политика во врска со проширувањето на Република Северна Македонија и да заборави дека ова е билатерално прашање, како што тој се обидува да го претстави. Ние секогаш сме биле отворени за разговори со нив, но разговори без ултиматуми и без отстапки од европската политика. Бугарија е дел од Европската Унија и не можеме да дозволиме земја која тргнала по европскиот пат да не ги прифаќа вредностите и доблестите на Европската Унија, а уште помалку да зборува со ултиматумски тон, но да останеме умерени оптимисти.

Кацарска за Телма: Рано е да се каже во каков формат ЕУ би се вклучила во процесот за надминување на спорот со Бугарија

Дали Брисел може да помогне во надминувањето на спорот со Бугарија и како Македонија да ја искористи потенцијалнтото раздвижување околу интеграциите со Европската унија? Рано е да се каже во каков формат Европската унија би се вклучила во процесот за надминување на спорот со Бугарија, но она што Македонија треба да го направи е да… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2