Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изречени над 20 казни на „Пластичарска“ – контрола и на „Зимзоленд“ каде е утврдено дека немаат дозвола

/

Македонија

Сподели преку :

Градот Скопје денес спроведе акција за воспоставување ред и заштита на јавниот простор на  територија на градот. Во соработка со Инспекторатот, Државниот пазарен инспекторат и МВР, биле изречени над 20 казни, а на терен се постапувало без исклучоци наведува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

„Како прв чекор, вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“, враќајќи го протокот и безбедноста на пешаците и возилата.По пријави од граѓани, инспекциските служби извршија контрола и на Зимзоленд, при што беше утврдено дека градот нема издадено дозвола за вршење дејност на локацијата. Констатирани се сериозни неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект, а за реквизитите и забавните содржини што не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е општинскиот градежен инспектор да постапи согласно законските прописи“, стои во објавата на Ѓорѓиевски. 

Акциите ќе продолжат со цел да се обезбеди уреден, безбеден и достоинствен град за скопјани додава градоначалникот Ѓорѓиевски. 

Зимзоленд ќе се отстранува – Општина Аеродром поведе постапка и најде пропусти

Општина Аеродром ќе го отстранува Божиќниот базар Зимзоленд, откако речиси две недели врти рингишпили без никаква дозвола и потребна документација. Ова за Телма го потврдија од Општина Аеродром. Откако вчера изјавија дека се ненадлежни, денес истите тие потврдуваат дека организаторите сепак немале никакви документи и тие ќе ги преземат потребните мерки, почнувајќи од постапка за… Продолжи со читање

telma.com.mk

Т.Д.

Jumbo 2