Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Институциите реагираа навреме за претепувањето на двајцата млади“ – рече Исени и ги обвини ДУИ дека молчеле за многу случаи додека биле на власт

/

Македонија

Сподели преку :

Шестмина полицајци се суспендирани по бруталното насилство врз двајцата млади од Сарај. Институциите реагираа во рекордно време и против нив се поведени дисциплински постапки. Случајот не остана без одговор. МВР го заврши својот дел од работата, а натамошната постапка ја води Обвинителството – рече денеска на прес конференција заменик министерот во Мвр Астрит Исени. 

На барањето од ДУИ да поднесе оставка поради полициска бруталност, Исени вели дека тие се обиделе случајот да го претворат во политичка пресметка. Тој обвини дека „за време на владењето на ДУИ се случија ужасни настани, кои Албанците не ги забораваат“.

„Не се заборава „Сопот“, каде што ги оставивте луѓето да скапуваат по затворите. Не се заборава палењето на албанските дуќани, додека вие и натаму седевте како декор во власта. Не се заборава „Монструм“, ниту навредувањето на Албанците со зборовите „индијанци“. Не се заборава смртта на Реџаил Ќерими во затвор, убиството на Харун Алиу, убиството на Џемаил Реџепи.За сите овие случаи, и за многу други, што направивте ВИЕ? Ништо. Молчевте!“, рече Исени.

Според Исени со заминувањето на ДУИ во опозиција заврши времето на „монтирани случаи, убиства, лоповлук и заврши времето кога некој мислеше дека може да прави што сака, без да одговара“.

 

 

Jumbo 2