Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И терорист и копач на криптовалути – полицијата го уапси Кастриот Исени водач на група поврзана со ИСИС

/

Македонија

Сподели преку :

Три автоматски пушки од кои две со додадени снајпери како и знамиња и други обележја на екстремистичката организација ИСИС се најдени при претресите против групата на Кастриот Исени од Ченто кој е уапсен во акцијата на полицијата и АНБ раководена од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Првоосомничениот, 34-годишен Исени според соопштението на МВР пред три години почнал со своето делување во скопски огранок на терористичката организација ИСИС и имал за цел да врши кривични дела во Македонија поради што ОЈОГОКК сега го гони за тероризам.

Како припадник на терористичката организација ИСИС, вршел индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС, а исто така ширел пропаганден материјал со екстремна и радикална содржина и набавувал и ракувал со огнено оружје. Б.А.(24) и Е.С.(30) заедно со првоосомничениот К.И. формирале група во која неовластено поседувале, посредувале и тргувале со огнено оружје и муниција, соопштија од МВР.

Полицијата објави и кратко видео од акцијата на кое се гледаат и запленети пиштоли, ножеви, мотороли, но и компјутерски уреди за копање на крипто валути со кои терористичката група крадела и струја. Според сознанија на Телма, Исени и претходно бил познат на надлежните безбедносни органи. Се истражува и поврзаноста на групата со други тешки кривични дела како што се лихварство и нелегална трговија со ружје, а засега само Исени е осомничен за тероризам, додека другите двајца се осомничени за нелегално поседување на оружје. Обвинителството бара 30-дневен притвор за тројцата додека уште двајца кои беа приведени со нив засега не се опфатени со кривичната пријава.

Миомир Серафиновиќ

 

Jumbo 2