Четириесет и шестгодишен државјанин на Грузија бил пронајден мртов во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информира министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот бил пријавен во СВР Охрид, екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт, а телото на починатиот, по наредба на јавен обвинител, е предадено на обдукција.
„На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено машко лице – давеник. Екипа на Итна медицинска помош констатирала дека лицето починало и дека нема видливи повреди. Притоа, било утврдено дека се работи за Б.Д.(46) од Грузија. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во соопштението на МВР.













