Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Град Скопје со сет мерки ќе го намалува врсничкото насилство, експерти ќе работат и со децата и со родителите

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за образование и наука и Град Скопје набргу ќе ги презентираат мерките со кои ќе се намали и спречи врсничкото насилство меѓу децата и учениците – најави денеска скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Одговарајќи на новинарско прашање за сузбивање на врсничкото насилство меѓу децата, учениците, каков што и беше последниот случај во Скопје, а во кој 13-годишно момче беше прободено со нож и се бори за животот.

„Спремаме уште еден поголем сет мерки заедно во соработка со министерката за образование Јаневска, со која имаме одлична соработка, но и силна, силна поддршка во тој дел, така што во наредниот период ќе излеземе со цел сет мерки и ќе бидете сведоци на она што ќе го почнеме како процес, а ќе влијае. Убеден сум, на долг рок, за што помалку случаи такви да имаме“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека во процесот имаат вклучено и многу експерти кои освен што ќе работат работат со учениците, ќе работат и со родителите.

„Некогаш вината би рекол е кај дел од децата, но многу почесто е вината кај родителите, кои, за жал, на таков начин дозволуваат да се однесуваат децата. Но, ќе дадеме сè од себе за да помогнеме во тој процес. Знаете дека јас како градоначалник на град Скопје една од оние работи што ги направив изминатиот период е да нема телефони на наставата во средните училишта“, изјави Ѓорѓиевски.

Jumbo 2