Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гостиварци затекнати, почнаa да добиваат сметки за вода која не ја користат и беше загадена со фекалии

/

Македонија

Сподели преку :

Гостиварци почнале да ги добиваат првите сметки за потрошена вода во јули, дознава телма, а никој не им кажува дали да ги плаќаат. Од 17 ти истиот месец АХВ им ја забрани водата од водоводот за користење бидејќи беше загадена со фекалии. Но, од вчера сметките се пуштени а според општината тоа е законска обврска на јавното комунално претпријатие Комуналец. Телма се обиде да го добие и новиот директор Алмир Даути за да го праша зошто водата се наплаќа кога не се користи, но одговор нема. Од општината само потврдија дека сметките веќе се испратени но се уште се чека одлука на советот дали ќе ги ослободи граѓаните од плаќање. Претседателот на советот вели дека размислуваат за таа опција но дека би можела да биде ставена на седница која ќе се одржи на крајот на август. За вонредна седница за сега не се размислува.

„Се разгледуваат сите опции за начинот на кој ќе се изведе ова. Исто така мора да се донесе и одлука на Управниот одбор на претпријатието, но и начин за тоа како да се надоместат овие сретства во буџетот на Општина Гостивар“, Валнет Џафери – претседател на Совет на Општина Гостивар

Според обвинителстовто водата почнала да се загадува уште од 25 ти јуни кога биле поставени три пумпи во каптажата кои ги внесоа фекалиите во системот. Од тогаш заболеа околу 5 илјади луѓе а беше прогласена и епидемија. Советот размислува да ги ослободи граѓаните од плаќање во периодот од кога е забрането да се користи водата па се до нејзино прогласување за исчистена и слободна за пиење. Според информации на Телма се чека уште резултат од последното денешно земање на примерок и ако и тој излезе негативен на бактерии гостиварци ќе може да ја користат. Можно е утре кризниот штаб да одржи прес конференција на оваа тема. Во меѓувреме невладина организација од гостиварско Дебреше испрати барање кога ќе се реши проблемот на Гостивар да не бидат заборавени, бидејќи тие први алармираа дека системот до новното село не функционира.

Инаку на 19 јуни Дебрешани организираа протест пред општината Гостивар на кој им беше ветено дека ќе им се реши проблемот со водоснабдувањето. После само неполна недела како што тврди обвинителстовто Директорката и двајца раководители дале налог да се постават пумпите во Вруток. Алармот дека водата е загадена се прошири на 16 јули, а болницата се наполни од заболени. Во меѓувреме обвинителството отвори истраги и за загадувањењто но и за потрошените 7,2 милиони евра за водовод, кој не функционира.

Билјана Николовска

Jumbo 2