Гостиварци четири недели и жедни и болни, а се уште е неизвесно дали и кога ќе добијат вода за пиење. Никој не открива какви се резултатите од испитувањата на водата кои се одвиваат и дали водоводот е блиску до исчистување од фекалниите и бактериите кои навлегоа во него. Според непотврдени информации на Телма два последователни резултати биле дека нема бактерии во водата, а потребни се три. Исто така во неа има премногу хлор што ја прави опасна за користење а е ставен во системот токму за да ја исчисти.
Телма побара одговори од Владата што ќе превземе и како ќе им помогне на гостиварци, но одговор нема. Голем дел од надлежните веќе започнаа да го користат својот годишен одмор, вклучувајќи го и премиерот Христијан Мицковски кој од започнувањето на кризата не го посети Гостивар. Нема одговор ниту од општината дали по барањето на Народниот правобранител ќе ги ослободи од сметките за вода со оглед на тоа што АХВ забрани водата да се користи за пиење. Само обвинителството отвори две истраги, за ве де директорката на комуналното претпријатие Комуналец и двајца раководители и за тоа како се потрошени парите за гостиварскиот водовод, а тој не е целосно функционален.
Случајот со загадената вода во Гостивар беше откриен на почетокот на Јули, а забраната за користење на водата е издадена од АХВ на 17 истиот месец. Во притвор се наоѓаат тројцарта осомничени дека сториле тешки дела против животната средина и природата односно дека тие дале налог да се постават три пумпи во надворешен канал со кои се внесувала загадена вода во системот. Од тоа заболеа околу 5 илјади граѓани, и беше прогласена епидемија. По написите на Телма отворена е истрага и за водоводниот систем кој не е довршен а се потрошени 7,2 милиони евра.
Билјана Николовска













