Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам. Додека траат рочиштата претежно мижам, прашан од својот адвокат, таткото на Вања Ѓорчевска го започна својот исказ за да набргу да заклучи дека не му е јасно зошто седи во обвинителна клупа со убијците на својата ќерка.
Александар Ѓорчевски кажа дека е невин и никогаш не се запознал со убиецот Љупчо Палевски Палчо. Ова се само детали од почетокот од сведочењето на Ѓорчевски кое од утрово го следи колешката Марија Митевска во кривичниот суд во Скопје.













