Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема полициска акција во повеќе градови низ државата– истрагата е поврзана со производство на наркотици

/

Македонија

Сподели преку :

Во повеќе градови низ државата од  рано утрово специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а МВР преку Бирото за јавна безбедност спроведува претреси на околу 30 локации.

Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.

  • Одделот за организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведува акција во повеќе градови во државата за сторени кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги по завршување на акцијата, информираат од МВР.
Jumbo 2