Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Годишнината како можност да се размисли за сработеното, но и за иднината – рече Гаши на приемот за Денот на независноста

/

Македонија

Сподели преку :

Годишнината е можност да се размисли за сработеното, но и за тоа, каква држава им останува на генерациите кои доаѓаат, порача претседателот на Собранието на приемот што се организираше по повод 8 Септември.Пред пратениците од првиот собраниски состав, актуелните пратеници и министри, поранешни премиери, амбасадори и други бројни гости, рече дека треба да имаме храброст да зборуваме за тоа што е досега направено,  но и каде треба да се работи повеќе и кои треба да се цели за иднината, како држава може да се направи пофункционална.

-Јас јубилејите ги гледам како време и место за рефлексија, за учење за тоа каде сме згрешиле и како можеме да ја направиме подобра оваа држава. Независноста е прекрасен момент за тоа, не само политичарите, туку и сите општествени фактори да размислат што може да се направи за да биде подобро за сите, изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

За Гаши државата на иднината треба да биде држава на функционални институции каде администрацијата не ги гледа граѓаните како товар, туку како причина за своето постоење, каде законот се применува еднакво без оглед на припадноста на странката, каде што корупцијата  е порок, а сите ја гледаат заедничката европска перспектива.

Далиборка Демјанска Цветаноска

Jumbo 2