Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Герасимовски: Додека не најдеме законско, прифатливо решение за „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот

/

Македонија

Сподели преку :

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница.

-Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните, истакна Герасимовски.

За дополнително да се утврди безбедноста на подрачјето, Општината ќе ѝ наложи на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет. Со неа треба да се проценат ризиците од ерозија, свлечишта и нестабилност на падините. објави Скопје1.мк

На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен.

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Советниците на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар го изгласаа ДУП-от за Барутана со кој се превидуваат големи градежни зафати на Водно. Од „Шанса за Центар“ критикуваат дека двете најголеми партии изгласале ДУП за  Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

На Барутана ќе се градат приватни домови ама помалку од претходниот ДУП – велат од Општина Центар по обвинувањата од „Шанса за Центар“

Се е согласно законот, тврдат од општина Центар по обвинувањата  дека незаконски ќе се зголемува ДУП-от за локалитетот Барутана на Водно, а ќе се намалела и површината за домување на атрактивната локација. За предупредувањата од Шанса за Центар дека ќе се направи ново ерозивно подрачје на падините на Водно, од општината коментираат дека предвидени се… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2