Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Не се потребни поделби по етнички линии на вториот круг од изборите во Брвеница, да се гласа за најдобриот

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека не се потребни поделби по етнички линии на вториот круг од изборите во Брвеница, туку треба да победи тој што има подобра политичка програма.

Брвеница бира градоначалник в недела, на вонредни избори, по ненадејната смрт на доскорешниот градоначалник Јовица Илиевски.

Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, а во вториот круг влегоа Стојанчо Радически од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од коалицијата предводена од ДУИ.

Раически во првиот круг освои околу 700 гласови повеќе од Јахиј, но прашање е како ќе гласаат луѓето кои во првиот круг го поддржаа Јакуп Хусеини од Вреди и Јовица Радески од СДСМ.

Jumbo 2