Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Почесна артилериска стрелба во чест на 34 години од формирањето на македонската Армија

/

Македонија

Сподели преку :

Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата вечерва во касарната „Илинден“ во Скопје изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија во пресрет на утрешниот ден (18 август) во кој ќе се одбележат 34 години од формирање на македонската Армија.

Централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, ќе се одржи утре во Кампот за обука на вода во Охрид со почеток во 11 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем, Македонија во март во 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.

Jumbo 2