Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Филипче: Има ли нешто за што не сум виновен? За гравитацијата?

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со  објава на социјалната мрежа Икс  реагираше на обвинувањата изнесени од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски , кој го поврза со случајот на Ива Михаилова и нејзиното заминување во Бугарија.

Реакцијата на Филипче следува по изјавата на Манасиевски, во која тој прашува дали зад бегството Ива Михаилова директно стојат Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, поврзувајќи ги со бугарскиот претседател Румен Радев и Бугарија.

Филипче, порача дека власта се обидува да му ја припише одговорноста за сè што се случува во државата.

Денес прашувам: Има ли нешто за што не сум виновен? Може ли нешто да ме заобиколи? За гравитацијата? Јас. Врне? Јас. Сонцето изгреало? Јас. Ветерот? Јас. Земјата што се врти? Јас. Доаѓа зимата? Јас. Водата што тече? Пак јас“, напиша Филипче.

-Не сум виновен што оваа банда повеќе не може да ги скрие неуспесите. Не сум виновен што лагите повеќе не поминуваат, наведе Филипче.

Jumbo 2