Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Али Ахмети го прослави роденденот со братот Фекри (татко на Дрин Ахмети) додека траеше драмата со упадот во МНав воден од функционер на ДУИ

/

Македонија

Сподели преку :

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, го прослави својот 65-ти роденден, а доби многу честитки и од своите сопартијци.

Неговиот брат Фекри Ахмети (татко на Дрин Ахмети) на социјалните мрежи ја објави оваа фотографија каде тој со братот Али и уште двајца луѓе седат пред новогодишната елка во домот во Зајас, со капи за веселбa на главата и со честитка ” стари со векови”.

Најмногу внимание предизвика честитката на Артан Груби кој пушти старо “распеано” видео на Ахмети снимено во работни простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (каде министер е токму Груби).

Но, за разлика пд овие позитивни честитки, негативна роденденска испрати функционерот на ДУИ кој на роденденот на својот партиски лидер водеше група насилници која што упадна во Контролата на летање на скопскиот аеродром.

Беким Незири бил во полициска станица- Детали за инцидентот во кулата на контролата на летање, сопруг на вработена во М-Нав тепал, функционер на ДУИ ги пуштил насилниците

Последна информација: Беким Незири од ДУИ (поранешен министер за економија) е во полициска стница во Автокоманда по упадот во контролата на летање, потврдија за Телма, полициски извори. Како се случил инцидентот Инцидентот се случил околу 15:15 часот. По прес конференцијата на Синдикатот на М-НАВ ( вчера претседателот на синдикатот Александар Тасевски бил повикан во полиција… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2