Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) 19-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа кај Радишани

/

Македонија

Сподели преку :

Деветнаесет годишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот од Радишани кон Побожје. Според првичните информации, во несреќата учествувале мотоцикл и патничко возило.

Информацијата ја потврди раководителот на смена во Итната медицинска помош – Скопје, д-р Драган Панов, кој изјави дека по пристигнувањето на местото на несреќата медицинските екипи констатирале смрт кај мотоциклистот.

На местото на несреќата увид извршија полициски екипи, кои ги утврдуваат причините и околностите под кои дошло до трагичниот настан. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Jumbo 2