Финансиски истраги и конфискација, поголема проактивноост стручност и ефикасност во борба со организираниот криминал и корупција, зајаканување на истражните центри, зголемување на ресусрсите и кадрите се мегу приоритетите на 5 те кандидати за наследник на Ислам Абази, обивнителите Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Од советот на јавни обивнители иа испратија порака и до колегите од цела држава кои на 28 октомврои ќе гласаат за нов шеф на ОЈО ГОКК.
„Поголема проактивност за случаите кои се на црна листа и зголемена борба за перење на пари посбено во градежништвото“, рече Фатон Азизи, обивнител во ОЈО ГОКК
„ Јасна методологија за финансиски истраги“ вети Трајче Пеливанов, обвинител во ВЈО Скопје
„ Јавниот обвинител мора да ја знае структурата на криминалот од типот на мафиите кои се занимава со дрога,оружје, од типот на криминал кој се случува во образованието, во здравството“, кажа Лидија Раичевиќ , обвинителка во ОЈО Скопје
„ ОЈО ГОКК мора да истражува криминалитет кој е израз на поширокиот јавен интерес што го нагризува нашето општетсво, кој го нарушува мирот на граѓаните и го оневзоможува прогресот тоа е секако организираниот криминал“, рече Искра Хаџи Василева , обвинителка во ОЈО ГОКК.
„ Да се изработи протокол со предвидливи мерки за секој кривично правен настан“, рече Јован Цветановски, обвинител во ВЈО Скопје
188 обвинители имаат право на глас и избор мегу 5 кандидати. Раичевиќ реагираше дека се случува патологија кога кандидатот го спушта своето ниво јавувајќи се низ цела држава и ги тера колегите да гласаат за него. Цветановски пак кажа изминатиот период направил контакт со колегите за запознавање и разменување искуства. Тој има обвинение за злоупотреба на службената положба кое повеке од една година не е оценето а за кое смета дека не е пречка за избор .













