Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Уставните измени остануваат услов, може да бидеме лути на Европа, но треба да бидеме одговорни и да носиме тешки одлуки

/

Македонија

Сподели преку :

Со посебна партиска прослава на пет дена до Денот на независноста, опозициската СДСМ денеска го одбележа Осми септември. Свеченоста ја посветија на историската улога на првиот претседател Киро Глигоров.

Лидерот на партијата Филипче ја истакна неговата заслуга за мирното осамостојување и зачувувањето на државата од војна.

Државотворната политика на Глигоров треба да биде патоказ и денес особено во процесот на евроинтеграциите, порачува Филипче и повика на одговорни одлуки особено при процесот на уставните измени кои се услов за Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат.

Jumbo 2