Владата го назначи Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел. Назначувањето на Фетаи на новата функција поминало на вчерашната седница, а веста ја потврди самиот тој на пост на Фејсбук.
„Ново поглавје во служба на европската интеграција на земјата – напиша Фетаи и додадава дека за него новата функција е голема чест, но дефинитивно уште поголема одговорност.
„Задачата што ми е доверена е да се ангажирам во унапредување на процесот на европска интеграција на нашата земја, во зајакнување на политичка поддршка во институциите на ЕУ и земјите-членки, да придонесам за надминување на политичките и дипломатските предизвици и да направам гласот на Северна Македонија да биде се посилен и поприсутен во Брисел и во европските престолнини“, пишува Фетаи на пост на Фејсбук.

Тој напоменува дека по долга кариера во Брисел и со искуството стекнато во Владата на Република Северна Македонија, ја зазема оваа позиција со целосно убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.
„Им се заблагодарувам на премиерот и на Владата за нивната доверба. Патот до Брисел продолжува. Со решителност, со партнерство и целосна доверба во нашата европска иднина“, пишува Фетаи
Тој на 1ви јуни поднесе оставка од функцијата вицепремиер за добро владеење откако со месеци не се појавуваше на работнити место.
Оставката ја достави до владата и ја објави на „Фејсбук“, но не го објасни своето долго отсуство од владината служба.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи заминал за Тајланд. Тоа може да се заклучи од фотографијата која ја споделил на својот Фејсбук профил на на која се чекирал дека е во Бангкок, Тајланд. Во описот на фотографијата Фетаи не пишува дали е таму приватно или се работи за службена посета. Во јавноста веќе извесно време… Продолжи со читање

Некој на пратенички прашања, некој во Тајланд. Вицепремиерот Арбен Фетаи кој е задолжен за добро владение синоќа преку слика на социјалната мрежа „Фејсбук“ се чекираше во главниот град на Тајланд, Бангкок и ги потврди шпекулациите кои веќе извесно време кружат во јавноста – дека тој воопшто не се појавува на работното место, во кабинетот на… Продолжи со читање













