Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фехми Стафа добил условен отпуст од затвор, Пецов-Ѓаволот си ја платил казната од 8 илјади евра пред неговата условна пресуда да биде соопштена во јавност

/

Македонија

Сподели преку :

Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа добил условен отпуст со кој треба да излезе од затвор на 1-ви февруари догодина односно еден месец пред истекот на неговата затворска казна од 15 месеци затвор по признаена вина за примање поткуп.

Од Кривичниот суд информираа дека  по одлуката, осудениот Стафа поднел жалба до повисокиот суд.

Стафа е во затвор откако призна вина дека од клиентот Љупчо Пецов -Ѓаволот барал поткуп од 50.000 евра за да „среди“ укинување на притвор додека Пецов е во бегство. Беше уапсен со пари, 30 илјади евра, а во случајот беше спомнувано името на апелациониот судија Ѓоко Ристов иако тој никогаш не беше опфатен со истрагата за поткуп. Сепак, неколку месеци подоцна Ристов беше уапсен бидејќи беа најдени 350 илјади евра скриени во ѕид во куќата на родителите на Ристов во Неготино, а тој беше обвинет.

Откако Стафа беше уапсен, Пецов Ѓаволот пак не замина во затворски притвор иако беше во бегство над една и пол година. Во август на судскиот процес, Пецов признал вина за случајот Синџир со милионски даночни измами, Кривичниот суд му изрекол условна казна на која Обвинителството не се жалело.

Од скопскиот Кривичен суд, на денешниот брифинг со новинарите соопштија дека со пресудата му е изречена казна од 8 илјади евра, која Ѓаволот си ја платил на 2-ри септември. Од судот велат дека известиле за случајот и пресудата кога таа станала правосилна. Претходно не беше објавено ниту дека е поднесено обвинение за Пецов ниту дека е прифатено ниту дека е пресудено на 23-ти април, а за пресудата се разбра еден месец подоцна.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2