Европската унија прави нов обид за да се деблокираат македонските евроинтеграции. Патот за ова оди преку Софија и ќе се случи веќе следната недела. Нешто за што се договорија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски за време на нејзината посета на Скопје. Фон дер Лајен вели дека дури потоа Македонија ќе може да добие патоказ, како што оваа есен добиваат четири земји кандидатки.
Се согласивме да имаме прв нов чекор наредната недела, да се обидеме да го деблокираме процесот, всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Тоа што ќе се случува наредната недела е прегледот на политиките на ЕУ во пресрет на проширувањето, штотуку објаснив што е тоа. Потоа, за оние држави кои веќе се длабоко навлезени во пристапниот процес и работат на поглавјата, отвораат и затвараат поглавја, таканаречените патокази. Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата овде, моето лично мислење е дека можеме да бидеме многу брзи со Северна Македонија, затоа што веќе интензивно работиме на неопходните реформи. Сѐ уште има работа која треба да се направи, но импресивно е тоа што го направивте досега, затоа сега сме многу фокусирани на обидите да се деблокира ситуацијата, за да целосната награда да може да дојде за Северна Македонија, изјави Урсула фон дер Лајен – претседателка на ЕК.
Од претседателката добив совет веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија е во Софија. Причина за тоа е Коридорот 8 и проектите коишто ги движиме во рамките на тој Коридор 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме, процесот од некаде да го движиме, изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски.
Новата динамика се случува во време кога Унијата ја ревидира политиката на проширување која подразбира постепена интеграција и можност земјите-кандидатки да ги користат европските економски придобивки уште пред формално да станат членки на Унијата. Во случајот на Македонија, чиј европски пат е оптоварен од билатерални и историски прашања, фон дер Лајен зборува дека макеоднскиот идентите е неспорен.
Знам колку е ова чувствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние ќе и поскаме Добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентитет и јазик. Веруваме дека македонската култура и Македонскиот јазик може да ја направат нашта Унија побогата, изјави Фон дер Лајен.
Фон дер Лајен ја пофали Макеоднија дека постигнала вистински успех околу Планот за раст, велејќи дека сепак има уште многу работа. Освен средбите со државниот врв таа го посети и Коридорот 8 исспраќајќи ја политичката порака колку е важен овој Корисдор и инфраструктурното поврзување за Европската Унија.
Марија Дивитарова













