Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Емотивно сведочење на преживеаните жени – со обвинетиот сериски убиец се соочија во судница

/

Македонија

Сподели преку :

Тројца психијатри кои со недели ја скенираа психичката состојба на серискиот убиец од Нагоричане, ќе мора и пред судот да го бранат нивното вештачење. Напишале дека Трајко Бојковски е пресметлив, но неговиот адвокат доделен по службена должност побара тој наместо да оди в затвор, да му биде одредена мерка за да пестојува и се лекува во психијатриска установа.Ова го бара порадит тоа што постои опасност од повторување на делото. Докторите во заклучокот утврдиле дека се работи за личност која има психопатски карактеристики, неконтролирани сексуални и некрофилски нагони, не се кае и нема емпатија кон жртвите.

„Најверојатно ќе биде осуден на казна затвор, меѓутоа тој нема да се однесува така како што предвидуваат вештите лица. Тоа е мерка за безбедност која е предвидена со Кривичниот законик а со која може да се елиминира опасноста која ја предвидуваат вештите лица во својот наод“,  рече адвокатот Тони Цвтековски кој му е доделн по службена должност.

Обвинителството се противеше на барањето на одбраната бидејќи докторите јасно напишале дека серискиот убиец бил пресметлив и точно знаел што прави. Не сака да коментира дали ова е обид, обвинетиот наместо во затвор казната да ја издржува во болница.

„Вештачењето е многу јасно и концизно дека се работи за пресметлив сторител а бранителот се повика на член 63 од Кривичниот законик кој се однесува за ситуации кога осомничениот и обвинетиот е во видно намалена пресметливост или е целосно непресметлив. Вештачењето не остава простор за сомнеж дека се работи за целосно пресметливо лице“, рече обвинителот Љубомир Лапе.

А токму две старици кои биле жртви на насилството од Бојчевски и само среќа ги спасила се соочија со него во судницата. Со срам и страв раскажуваа за траумата која ја преживеале.

„Што да кажам, како да кажам, стара сум. Ме гмечеше, по градите ме фаќаше, срам ми е да кажам. Проба да ме силува, проба да ме соблече ама не можеше па избега откако тропна нешто“,рече жртвата Росанка Трајковска.

 „Ме бутна, ме фати со две раце на лицето, а колената ги стави на моите нозе. На грб паднав, ме давеше, а колената му беа тука на моите нозе, врз мене беше. Викав по син ми, со мала душа, тивко викав“, рече Слоботка Арсовска – жртва

 Инаку Бојковски е обвинет дека извршил четири убиства и два обиди за убиство а убивал од омраза кон жените. Мотивите му биле некрофилски, ги убивал па мртви ги силувал. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада. Сите убиства и напади ги извршил во рок од една година, а докторите никогаш не побарале обдукција. За двајца кумановски лекари мртвопроверители има кривична пријава, но нивниот предмет е преземен од скопското обвинителсто по барање на обвинителот од Куманово.

 Билјана Николовска

 

 

Jumbo 2