Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екологијата, водоснабдувањето, комуналните услуги и транспарентноста се меѓу главните предизвици на локалната власт во Струмица

/

Македонија

Сподели преку :

Една година по смената на локалната власт во Струмица, очекувањата за промени се соочуваат со реалноста на наследените проблеми, ограничените финансии и потребата од побрзи и поконкретни решенија.

Граѓанските организации и граѓаните ги сумираат досегашните резултати, но и укажуваат на областите во кои ветувањата допрва треба да се преточат во видливи промени.

Од Здрава котлина оценуваат дека не може сè да се реши за една година, особено ако општината се соочува со сериозни финансиски оптоварувања.

Сепак, очекуваат поголема транспарентност, континуирана комуникација со граѓаните и поефикасно работење на локалните служби.

  • „Еве на пример за екологијата во градот. Комуналец прави некакви напори, ја затрупува депонијата, градот сепак има проблеми кои не можат наеднаш да се решат, но, останува прашањето како понатаму може тоа да се забрза со оглед на тоа дека средствата коишто општината ги издвојува за чистење, очигледно не се доволни па сега еве имаме пораст на сметките и јас лично сенадевам дека тие мали разлики можеби ќе придонесат за подобар град“, вели Ѓорги Танушев од Здрава котлина.

Потребата од поголема отвореност кон граѓаните е уште една забелешка на граѓанските организации.

Посебно се посочува улогата на месните заедници како најнепосреден канал преку кој жителите ги пренесуваат своите проблеми до општината. Очекувањата се воспоставената комуникација да продолжи редовно, а не да остане само почетна иницијатива.

Во следниот период, финансиската консолидација треба да биде проследена со рационализација на работењето, но и со конкретни резултати во областите што директно влијаат врз квалитетот на животот.

  • „Она што општината во таа финансиска кирза успеа да донесе уште шест мерни индикаторски станици и да направи инвестиции за набавка на озонатор, тоа е голема работа, мора да кажам, бидејќи тоа беше една од клучните работи во изборната кампања, а проблемот со водата, бидејќи Струмица често има проблеми со водоснабдување, а особено псоле големите застои на вода пред две години мора да се внимава на тие работи. Добро е што с енабави озонаторот но д ане остане само на тоа работата. Дефинитивно ќе има и други работи, воздухот пред се, некои работи не зависат од буџетот, еве конкретно она штос е гори на дивите депонии, или оние што горат кабли, таму не треба посебен буџет. Мора инспекциските служби веднаш да реагираат и тоа е видливо за секој од нас“, вели Танушев.

Меѓу приоритетите ги издвојува и инфраструктурните проекти, поддршката за малите бизниси, земјоделството и потребата од јасен став за просторниот развој на општината.

И граѓаните екологијата ја ставаат меѓу приоритетните задолженија на општинската власт. Сметаат дека доборостојбата на жителите на Струмица произлегува главно од добра локална економија и чиста средина.

Оценката на граѓанските активисти и граѓаните е дека првичните активности се препознаваат, но останува очекувањето тие да прераснат во континуирани политики и мерливи резултати. За граѓаните, суштинското прашање е колку брзо промените ќе станат дел од секојдневниот живот — во почист град, поефикасни услуги, поголема транспарентност и поодржлив локален развој.

Сузана Мицева

Jumbo 2