Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗР: Домот „Пелагонија“ набавил душеци за 19.000 евра но никој не спиел на нив, другите пак не ги збирало во креветите

/

Македонија

Сподели преку :

Државниот студентски дом „Пелагонија“ во Скопје лани набавувал леб по 126 денари што е значително над пазарната цена од околу 70 денари, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

Поскапиот леб за 56 денари во однос на пазарната цена, според ревизијата укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на набавките.

Во 2023 година пак бил набавен леб по цена од 57 денари со понудувач чија основна дејност не е поврзана со предметот на набавката.

Пред три години биле набавени и 250 душеци вредни 19 илјади евра кои не се ставиле во употреба.

Ревизијата утврдила дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а новите биле и со поголема димензија од креветите.

Извештајот констатира и дека во евиденцијата на домот не е евидентирана опрема од над 350 илјади евра, при што еден дел од опремата за кујна која е набавена и платена, но ревизорите не се увериле дека е примена во домот.

Jumbo 2