Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двесет и четири годишна скопјанка и 52-годишен кочанчанец загинаа во сообраќајката на патот Штип- Кочани

/

Македонија

Сподели преку :

Дваесет и четири годишна скопјанка и педесет и две годишен кочанчанец се жртвите во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, а во која учествуваа три возила.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информираше дека девојката Н.П од Скопје била сопатничка во возилото „сеат ибица“ со скопски регистерски таблики, а Г.А од Кочани сопатник во голфот со кочански регистерски таблички.

Во страотната несреќа која се случи на експресниот пат во атарот на село Жиганци официјално повредени се пет лица, кои по приемот во кочанската болница, поради сериозноста на повредите тројца се во штипската Клиничка болница и нивната здравствена состојба е стабилна, а двајца се примени во Ургентниот центар во Скопје.

Во  несреќата  учествуваа три возила голф со кочански, ситроен со винички и сеат ибица со скопски регистерски таблички. По истрагата на јавен обвинител на местото на несреќата, од обвинителството синоќа информираа дека се дадени  повеќе наредби за утврдување на несреќата, на увидот присуствувал и вешто лице од областа на сообраќајот.

Според првичните информации до несреќата дошло поради претекнување.

  • Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во вчерашното соопштение од обвинителството.

Истрагата на местото на несреќата синоќа траела до 19.30 часот, по што експресниот пат Штип-Кочани е пуштен за сообраќај.

Викторија Јованова

Двајца загинати и седум повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Две лица на лице место  загинаа во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, а седумина се повредени и првично биле транспортирани во кочанската болница. Ова е исходот од несреќата која се случи меѓу три автомобили во близина на атарот на село Жиганци. По увидот од страна на обвинител од Кочани издадени се повеќе наредби… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2