Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над осум тони марихуана биле пренесени од Mакедонија во Србија – признаа вина и се спогодија двајца од осомничените

/

Македонија

Сподели преку :

Возачот на 5 транспорти на марихуана и главниот изведувач на операцијата признале вина за големиот шверц на македонскиот канабис во Србија. Во спогодбите се наведени повеќе од 8 тони количина префрлена од „нарко-мулите“ од Македонија.

Еден во бегство, еден во притвор во Косово, двајца во затвор со спогодби за признание на вина, останатите девет се или во притвор или во рацете на истражните органи. Досега се вкупно 13 осомничени за шверц на марихуана во тони, од Македонија во Србија, но истрагата продолжува.

Во бегство е Србинот, Предраг Брковиќ еден од сопствениците на скопската фирма за медицински канабис Алфафарм груп и единствен странски државјанин од групата.

Двајца пак признале вина и се спогодиле со обвинителството.

Кривичниот суд ги објави спогодбите и во нив се наведени 5 транспорти на марихуана. Според наведеното во спогодбата и признаеното од двајцата осудени, во прашање е количина од над 8 тони, но не е прецизирано дали целата количина е шверцуван канабис произведен во македонските фабрики.

Првиот и вториот транспорт биле лани во август и се наведени над 2,2 тони количина која недостасувала меѓу мерењата на камионите за шверц. Во септември и ноември имало разлика во тежината на камиони од 527 и 280 килограми. Последниот транспорт бил на 13-ти јануари оваа година, а обвинителството во спогодбата наведува над 5 тони марихуана. Вкупно, тоа е количина од 8 тони и 40 килограми.

Со спогодбата е објаснето како одел шверцот и дека се користени возила, автомобили и камиони кои биле купувани или позајмувани пред последниот транспорт во јануари.

  • Д.С. телефонски барал луѓе да му донесат возило со зелен картон, па по кратко пристигнале лицата А.Р. и С.Р. со ПМВ БМВ со рег.бр…., Д. влегол во камионот со натоварената наркотична дрога со осомничениот А.И. и оствариле влез во Р.Србија во 23:57 часот, а другите осомничени продолжиле да се движат во Р.Србија со ПМВ БМВ вршејќи надзор и обезбедување на траснпортот на наркотичната дрога – стои во спогодбата за признание на вина на Д.С. и А.И.

Зад овие иницијали се кријат двајцата кои ја признале вината и се спогодиле, Драган Стојанов од Кочани кој ги следел сите транспорти или во камионите или во автомобили-чистачи. Александар Ивановски пак бил возач на петте транспорти на шверцот.

Нарко мулите од Македонија во неколку наврати наплатиле по 10 илјади евра за секое учество, стои во спогодбата.

Со признанието на вина, осудени се на затворска казна од 3 и пол години и 3 години и 8 месеци и на наплата на судски трошоци, но не им се одземени пари стекнати со криминалот. И двајцата се префрлени од притворските келии во Шутка во делот за издржување на казни во истиот затвор Скопје.

Иако имало 5 транспорти со кои наместо тортички и перници се носела марихуана произведена во фабриките за медицински канабис во Македонија, нема податоци дали се води истрага за припадници на службите и дали имало пропусти во работата на вработени во МВР и царината.

Во спогодбата се спомнати и двајца нотари кај кои биле заверувана продажба на камион користен во шверцот во јануари, двапати бил препродаден за да се спречат трагите, првпат преку нотарката Пановска од Кочани ден после празникот Божик, а потоа во Скопје кај нотарот и поранешен правобранител Насер Зибери кој ја заверил продажбата на 10-ти јануари, во сабота кога не може да се внесуваат податоци во нотарските книги.

Возилото од нотарските договори е користено за транспорт на марихуана од Скопје до Свети Николе каде дрогата ги заменила прилепските перници на патот кон Србија.

Миомир Серафиновиќ

Б.С.

Jumbo 2