Две грнчарски колца и натаму вртат во пробиштипско Злетово. Митко Арсовски 50 години изработува македонски автентични производи.
Татко ми беше грнчар и јас од него го научив занаетоот. Убав и креативен занает. Но и тешка е работа зашто се работи со глина и земја. Важно е да имаш и дарба но најмногу треба работа“, вели тој за Телма.
Асортиманот на производи кој се изработуваат од глина денес е уште поголем – формите се менуваат но и натаму најмногу се изработуваат производи за кујна.
Арсовски вели дека јадењето е повкусно ако е зготвено во грне.
„Самата глина помага за вкусот но и долгото готвење на јадењето на тивок оган му дава вкус што ние го сакаме“ додава тој.
Репортажите на Телма се емитуваат секој ден од 19:15 час, а репризите се следниот ден од 15:00.













