Јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство Скопје, со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се упатуваат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, како еден од приоритетите во програмата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Тој денеска оствари средба со Хаџи Василева и Азизи, како и со основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК Гаврил Бубевски и Ислам Абази, при што ја поздрави одличната соработка меѓу овие две обвинителства која придонесува за поефикасен кривичен прогон.
Јавните обвинители Хаџи Василева и Азизи, со овластување од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, ќе продолжат да застапуваат дел од предметите по кои постапувале до сега.

Откако обвинителката Ленче Ристовска која е втор мандат назначена за јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда (Eurojustice) пред повеќе месеци се пожали дека за таа функција нема ниту работна канцеларија ниту пристап до интернет, и искоментира за состојбите во Советот за јавни обвинители- доби дисциплинска постапка од Советот. Во меѓувреме, Ристоска… Продолжи со читање













