Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца полицајци се пред суспензија поради прекумерна употреба на сила врз приведено лице

/

Македонија

Сподели преку :

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

Првопријавениот Т.М., полициски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“  на 14.05.2026 во просториите на ПС Струга, при спроведување на лице, кое претходно било лишено од слобода, употребиле прекумерна физичка сила над него.

И покрај тоа што лицето било врзано со лисици, тие физички го нападнале и го удирале со раце и нозе.

Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Jumbo 2