Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца браќа го извршиле насилството во Чаир по кое едно дете се бори за живот – се бара притвор за полнолетниот брат

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност извршиле насилство врз едно дете и полнолетно лице и им нанеле тешки телесни повреди со убоди од нож. Полесно е  повредено уште едно дете.

Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.

Телма претходно објави дека крвавата тепачка се случила на улицата „Македонско-косовска бригада“ на територија на Чаир. Еден од малолетниците, роден во 2012 година, признал дека користел нож.

Малолетникот кој е избоден во срцето е во исклучително тешка здравствена состојба.

„Детето е оперирано вчера меѓутоа има директен убод во срцето, сега е на интензивна нега и е во критична состојба. Нашите мисли се со него ама сега е веќе надвор од тоа што медицината може во моментот да направи“, рече министерот за здравство Сашо Клековски.

 Крвава тепачка на малолетници во Чаир, тринаесетгодишник избоден во срцето

Улична тепачка, ножеви и бејзбол-палки, а на крај тринаесетгодишно дете се бори за живот. Крвавиот инцидент се случил на улицата „Македонско-косовска бригада“ на територија на Чаир, соопштува полицијата. Во тепачката учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице. Еден од малолетниците, роден во 2012 година, признал дека користел нож. Но, дали токму со… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2