Зголемена фреквенција на возила на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Подолги задржувања има и на граничните премини поради зголемен интензитет на сообраќајот.
На ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу два часа, а за излез околу 30 минути. На ГП „Пелинце“ (Прохор Пчињски) задржувањето за влез е околу еден час, додека за излез околу 20 минути.
На ГП „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, а на ГП „Дојран“ се чека околу 30 минути во двата правца. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.
Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.













