Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ возврати на ВЛЕН за процесот на Артан Груби: За притисоците врз судството ја информиралe меѓународната заедница

/

Македонија

Сподели преку :

Од ДУИ возвратија на соопштението на ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?, наведувајќи дека токму ваквото јавно прозивање на Обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

„Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа на докази, а не врз основа на политички и партиски директиви. Селективна партиска правда не им е потребна ниту на граѓаните ниту на Северна Македонија“,

порачаа од ДУИ.

Партијата тврди и дека за својата загриженост информирала претставници на меѓународната заедница, вклучително и за последното соопштение на ВЛЕН.

„Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази и вештачења, а не врз основа на партиски наредби и желби“, велат од ДУИ.

Jumbo 2