Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата, реагира опозициската ДУИ.
Изет Меџити – 0 седници.
Беким Сали – 0 седници.
Арбен Фетаи – 0 седници.
Вкупно: нула.
Според ДУИ ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада.
- Функцијата може да се нарекува „прв заменик-премиер“, може да има канцеларија, кабинет, службено возило и протокол, но ако повеќе од две години не ти е доверено раководењето со ниту една единствена седница на Владата, тогаш легитимно е да се постави прашањето: што е „прво“ во оваа функција? Во претходните влади, функцијата на замениците-премиери беше реален политички и институционален механизам на заедничко управување. Денес е сведена на декор, велат од партијата.













