Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот Мустафа Даути се наоѓало веднаш зад уапсениот за поткуп од 17.500 евра?

/

Македонија

Сподели преку :

По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата. Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути?, прашуваат денеска од ДУИ.

Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни:

  • Кој се наоѓал во тоа возило?
  • Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето?
  • Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани?
  • Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа?

Од ДУИ соопштуваат дека кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него.

Од опозицијата велат дека МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори.

Jumbo 2