Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ бара одговор од владата колку работни места се затворени по повлекувањето на странските инвеститори од земјава

/

Македонија

Сподели преку :

Уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта Северна Македонија. За само две години, три американски и германски инвеститори донесоа одлука да го прекинат или да го преселат своето производство, што претставува сериозен удар за економијата и за вработените, реагира ДУИ.

  • Ова веќе не може да се претставува како изолиран деловен случај. Инвеститорите гледаат држава без јасна европска перспектива, со испразнет буџет, економска неизвесност, нарушени односи со соседите и сè потензични меѓуетнички односи. Последиците директно ги чувствуваат граѓаните. Со затворањето на инвестициите се губат работни места, се намалува економската активност и дополнително се зголемува иселувањето на младите и на квалификуваните работници, велат од ДУИ.

Демократската унија за интеграција бара Владата веднаш да соопшти колку работници ќе останат без работа, дали и други компании најавиле повлекување и кои конкретни мерки ги презема за задржување на постојните инвеститори.

Заедно со инвеститорите си заминуваат и работните места, надежта и можноста за подобар живот. Владата мора да преземе одговорност за економската несигурност што ја создаде.

Jumbo 2